Напаѓачот на Ливерпул, Александар Исак (26), се здобил со скршеница на ногата на натпреварот против Тотенхем, во саботата (2:1). Тој постигна гол, а при шутот доби удар во ногата од Мики ван де Вен, поради кој веднаш го напушти теренот.

Доброинформираниот новинар, Дејвид Орнштајн, објави дека е сериозна повредата, објаснувајќи дека клубот ги добил првите резултати од деталните прегледи.

Исак се мачи откако пристигна од Њукасл и за него беа платени историски големи 150 милиони евра, најмногу во историјата на Премиер лигата.

Сега, единствено решение во нападот на Луверпул е Французинот Уго Екитике, со оглед на тоа што Салах е на Африканскиот куп на нациите, додека Гакпо е повреден.

ИЗДВОЕНИ