среда, февруари 4, 2026
Дома МАГАЗИН Ирска ќе се повлече од Евровизија ако учествува Израел

Ирска ќе се повлече од Евровизија ако учествува Израел

75

Ирска нема да учествува на натпреварувањето за Песна на Евровизија во 2026 година доколку учествува Израел, соопшти радиодифузерот РТЕ.

Појавувањето на ирските претставници на настанот „би било неприфатливо со оглед на континуираните и ужасни загуби на животи во Газа“, се вели во соопштението.

Ирска го освоила натпреварот вкупно седум пати, последен пат во 1996 година.

РТЕ ќе донесе конечна одлука кога организаторите на Евровизија, Европската радиодифузна унија, ќе донесат одлука.

Следниот натпревар ќе се одржи во мај во Виена, главниот град на Австрија.

ИЗДВОЕНИ