Иранскиот шеф на дипломатијата кај Путин по поддршка

58
EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, кој моментално е во Москва, објави дека ќе има „сериозни и важни разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин за „заедничките предизвици и закани“.

Русија остро ги осуди нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран, а рускиот амбасадор во ОН изјави дека САД „ја отвориле Пандорината кутија“.

Се очекува дека за време на најавената средба со Путин, иранскиот министер ќе добие силна политичка поддршка од Кремљ, но веројатно нема да има воена помош од Москва.

Имено, моменталниот приоритет на Русија е војната во Украина. Иако Русија и Иран имаат договор за стратешко партнерство, тоа не е одбранбен пакт и Москва не е обврзана да му пружи воена поддршка на Техеран.

Минатата недела, Владимир Путин изјави дека Иран дури и не побарал воена помош од Русија и од неговите зборови беше јасно дека нема намера да брза со обезбедување таква помош. Кремљ во последните години се обидува да одржува добри односи и со Иран и со Израел, како и да изгради работен однос со американскиот претседател Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ