Иранскиот принц во егзил ги објави своите први чекори ако ја преземе власта

50
EPA/SALVATORE DI NOLFI

Протераниот иранскиот престолонаследник Реза Пахлави изјави дека идниот Иран под негово водство веднаш ќе го признае Израел, ќе ги прошири Абрахамските договори во она што тој го нарече „Кирови договори“ и ќе ја заврши воената нуклеарна програма на Иран. Притоа, тој ја претстави визијата за Иран по падот на Исламската Република.

Тој истакна дека постреволуционерниот Иран ќе се стреми кон мир со своите соседи и ќе се врати во меѓународната заедница по децении изолација. Тој оцени дека Иран под сегашното клерикално водство стана синоним за „тероризам, екстремизам и сиромаштија“ во странство, но потврди дека еден поинаков Иран би можел брзо да се појави ако Исламската Република се распадне.

„Вистинскиот Иран е поинаков Иран – прекрасен, мирен и просперитетен Иран. Тоа е Иран што постоел пред Исламската Република и тоа е Иран што ќе се издигне од пепелта на денот кога Исламската Република ќе падне“, објави тој.

ИЗДВОЕНИ