Иранскиот парламент го одобри законот за суспензија на соработката со нуклеарната агенција на ОН

43
freepik

Иранскиот парламент денес одобри закон за суспендирање на соработката со нуклеарното надзорно тело на Обединетите нации, објави иранскиот „Нур њуз“.

Во соопштението се додава дека Врховниот совет за национална безбедност на земјата сега треба да го потврди конечното одобрување за овој потег, објави Ројтерс.

Како што претходно беше објавено, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека локализирала нови точки на удар во нуклеарните централи Фордо и Натанз во Иран, како и можна локализирана контаминација и хемиски опасности, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ