Кипар е една од 18-те земји што беа нападнати од Иран, како одговор на нападите на Америка и Израел. Целта беше воена база, а сè уште нема информации за повредени.
Во текот на вчерашниот ден, две ирански ракети беа испукани во правец на Кипар, каде што Велика Британија држи клучни воени бази. Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека сè уште не е јасно дали ракетите намерно биле насочени кон британски објекти на островот.
Two drones aimed at the British Akrotiri base in Cyprus were intercepted – yediot news pic.twitter.com/SGpfM61swE
— Wladimir van Wilgenburg (@vvanwilgenburg) March 2, 2026
„Не сме сигурни дали биле намерно насочени кон нашите бази“, рече тој.
Британскиот премиер Кир Стармер, во телефонски разговор со кипарскиот претседател Никос Христодулидес, „јасно и недвосмислено потврди дека Кипар не е цел“.
Во меѓувреме, во текот на ноќта експлозија ја погоди воздухопловната база на британската кралска воздухопловна сила (RAF) на Кипар, а околу полноќ по локално време во базата Акротири во Лимасол се слушна силна детонација, објави Дејли Меил.
Iran missiles have hit the British airbase in Cyprus https://t.co/si3vuQuuvZ pic.twitter.com/TNDuVF982S
— Finally Did it 💫 (@Finallydiditonx) March 2, 2026
Христодулидес утрово се обрати до јавноста и откри што се случило.
„Во 00:03 часот, беспилотно летало од типот Шахед се урна врз воените објекти на британските бази во Акротири, предизвикувајќи мала материјална штета. Од самиот почеток, сите надлежни служби на Републиката беа во состојба на готовност и во целосна оперативна подготвеност. Во исто време, веднаш го свикав Националниот совет за безбедност за да ја проценат ситуацијата, кој сè уште е во постојани консултации. Во исто време, сум во постојан контакт со сите европски лидери и лидери на други земји во врска со развојот на настанот“, наведе Христодулидес.
Две беспилотни летала што се движеа кон британската воздухопловна база Акротири на Кипар „беа соборени навремено“, изјави денес портпаролот на кипарската влада Онстатинос Летимбиотис, неколку часа откако базата беше претходно погодена.
Како што објави Cyprus Mail, откако британските власти одлучија да ја евакуираат базата Акротири, Министерството за внатрешни работи на Кипар одлучи да ги евакуира и жителите на населбата Акротири. Покрај тоа, базата Декели во источен Кипар беше евакуирана, додека базата на Соединетите Американски Држави во Никозија вклучи тревога, но немаше извештаи за евакуации.
„По неиспровоцирани напади“: Грција распоредува фрегати и Ф-16 на Кипар












