
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е ранет во ногата за време на израелски воздушен напад минатиот месец, објавија денес иранските државни медиуми.
Пезешкијан е ранет за време на состанокот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран кога израелски авиони ги нападнаа долните катови од зградата во западен Техеран на 16 јуни, објави „Тајмс оф Израел“.
На состанокот со Пезешкијан присуствуваа претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф, шефот на иранското судство Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи и други високи функционери.
Шест израелски бомби или ракети ги погодија влезните точки на зградата, очигледно во обид да ги спречат оние што се внатре да излезат и да го блокираат протокот на воздух, тврдат иранските медиуми, објави Танјуг.