Иранската револуционерна гарда објави дека ја нападнала канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и локацијата на командантот на воздухопловните сили на режимот беа нападнати и тешко погодени од вооружените сили на Исламската Република во целни и изненадувачки напади со ракети од Хајбер во десеттиот бран“, се вели во соопштението што го пренесе агенцијата Тасним.
Исто така, Револуционерната гарда тврди дека ја погодила резиденцијата на командантот на израелските воздухопловни сили.
Израел не реагираше на оваа вест.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вчера одржа безбедносен состанок во Кирја во Тел Авив со министерот за одбрана, началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) и директорот на Мосад, а веста беше објавена на социјалните мрежи со фотографија.












