Пред исламската револуција во 1979 година жени во тесни фустани со откриени рамена, со светли живи бои, куси блузички со разголен стомак, бикини на плажа, можеле да се видат насекаде и тоа се сметало за сосема нормално. Царицата Фара Пахлави била модна икона што ја следеле младите Иранки. Ајатолахот Хомеини по доаѓањето на власт им ги одзема речиси сите права на жените, вклучувајќи го и она за избор на облеката. Сега иранската жена мора да ја покрие главата со хиџаб и да носи долга црна наметка – во спротивно ќе добие 74 удари со камшик
Пред околу еден век, ирански шах Мухамед Реза Пахлави го забранил превезот и ѝ наредил на полицијата насилно да ги вади шамиите од главите на жените. Новиот режим, по исламската револуција во 1979 за жените, посебно за начинот на нивното облекување донесе длабоки промени. Мини здолништата, шорцевите, бикините, тесните фармерки што до тогаш со задоволство ги носеа иранските жени, особено оние кои живееја во Техеран и во другите урбани центри, мораа да ги заменат со хиџаб и црна широка наметка што целосно ги покрива.
Хиџабот стана задолжителен со кодексот за облекување донесен во 1980 година. Со тоа на иранската жена и се одзема слободата на облекување. Дотогаш во Иран било многу модерно жените да носат мини здолништа, шорцеви, тесни фармерки, бикини, според западната мода што ја промовирале телевизијата и списанијата. Тесните фустани со откриени рамена, светлите живи бои, кусите блузички со разголен стомак, бикини на плажа, можеле да се видат насекаде и тоа се сметало за сосема нормало. Исто така, жените имале слобода да се шминкаат и да ја стилизираат косата, па до 1977 година дури и на мажите им било дозволено да ги посетуваат женските фризерски салони. Знак за модерен живот било и тоа што мајките и ќерките заедно ги посетувале таквите салони, како и тоа што мажите и жените слободно се дружеле на колеџи, библиотеки, паркови и кафулиња.
-Нема да видите маж во женски салон овие денови, а жените знаат дека мора да ја покријат косата штом ќе излезат, пишува Би-Би-Си.
А пред револуцијата хиџабот бил „аут“ дури и за постарите жени, па и за оние кои се обидувале да одржат традиционален имиџ. Тие носеле долги здолништа, облека во елегантни нијанси, балансирајќи го модерниот изглед и културниот идентитет и одржувајќи одредена доза на пристојност.
Изгледот и однесувањето на жените во Иран пред револуцијата најдобро се докажуваат со фотографиите на иранската царица Фара Пахлави, која ги обожувала модата и уметноста и важела за икона на своето време, сè додека со нејзиниот сопруг Мухамед Реза Пахлави не беа протерани од земјата. Таа носела здолништа, панталони, фустани, леопардски принт и сè што сакала, а немала проблем да се слика во костум за капење. Нејзината мода ја следеле речиси сите млади жени во Иран.
Додека владееше со Иран, од 1941 до 1979 година, кралот Мохамед Реза Пахлави ги охрабруваше жените да се образуваат, им даде право на глас, финансираше училишта, универзитети и стипендии. Во 1963 година, жените за првпат влегоа во парламентот, а во 1968 година, Фарокру Парса стана првата жена министер за образование.
Исламската револуција што почна во 1979 година на чело со врховниот лидер ајатолахот Рухолах Хомеини им одзема се на жените. Во март истата година Хомеини издаде декрет со кој им нареди на жените да носат хиџаб на работа и во јавните институции, а две години подоцна беше воведен целосно задолжителен хиџаб во јавноста, додека во 1983 година беше донесен закон кој предвидува телесно казнување – до 74 удари со камшик за прекршителите на кодексот. Законот го направи задолжително покривањето на косата со хиџаб (русари) или дури и носењето чадор – долга црна наметка што го покрива целото тело. Во 1983 година, јавното присуство со хиџаб, вклучително и покривање на вратот, рацете и нозете, стана задолжително. На жените без хиџаб не им беше дозволено да влегуваат во државни институции, универзитети или на работа. Шминката беше исто така забранета.
Но, иранската жена не се предава, со децении покажува отпор кон овој кодекс на облекување и манифестира желбата за поголема автономија и еднаквост. Денес, младите генерации го користат интернетот, онлајн кампањите и јавните протести за да ги оспорат моралните казни и кодовите за облекување.