Иран во преговорите со САД за мир, во кои посредува Катар, бара деблокирање на 24 милијарди долари (20,6 милиони евра) замрзанти средства во странство, објави денеска иранската агенција „Тасним“ повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.
Иран претходно соопшти дека ја финализираат рамката од 14 точки за договор чија цел е траен прекин на војната со САД која започна со заедничките амерриканско-израелски напади на Иран на 28 февруари.
Прашањето за замрзнатите ирански средства е меѓу главните спорни точки, а Иран бара ослободување на „половината од тој имот по објавувањето “ на договорот за прекин на војната, додава „Тасним“.
Нема официјално објавен вкупен износ на средствата на Иран замрзнати од американските санкции во банките во странство, а иранските медиуми неодамна ја проценија на 100 до 123 милијарди долари (86-105 милијарди евра).
За да разговараат за ова прашање во понеделник во Доха, Катар, каде што се наоѓа дел од замрзнатите средства, отпатуваа гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемат, главниот преговарач и иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Багер Галибаф, и Абас Арагчи, објави новинската агенција „Тасним“ на социјалните медиуми.












