Иран ќе ги таргетира американските бази во регионот на Персискиот Залив доколку САД ја нападнат Исламската Република, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.
„Доколку Вашингтон нè нападне, нема можност за напад врз американска територија, но ние ќе ги нападнеме нивните бази во регионот“, рече Аракчи на форум на Ал Џезира. Тој додаде дека ова нема да претставува напад врз соседните земји.
Аракчи нагласи дека Иран нема да извезува збогатен ураниум и дека нивото на збогатување зависи од потребите на Исламската Република.
„Иран нема да разговара за својата ракетна програма ниту сега, ниту подоцна“, рече иранскиот министер за надворешни работи, додавајќи дека тоа е прашање на одбрана.
Според „Телеграф“, главен приоритет на Техеран е да издржи евентуален американски напад со минимална штета.
Во извештајот се наведува дека Иран планира да одговори на секој конфликт користејќи балистички ракети и вооружени беспилотни летала. Британскиот весник тврди дека првиот ирански напад би се фокусирал на воздухопловната база Ал Удеид во Катар, една од најважните американски воени бази во регионот, а потоа, Иран наводно би ги таргетирал американските бази во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Сирија.












