Иран пред нападот го предупредил Трамп: Ќе ги активираме „заспаните терористички ќелии“ во САД

323

Иран го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе започне операции во САД со терористички „скриени ќелии“ доколку биде нападнат, во порака испратена еден ден пред американските напади, објави NBC News, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Информациите стигнале до Трамп преку посредник на самитот на Г7 во Канада минатата недела, кој американскиот претседател го напушти порано, изјавија двајца американски функционери и едно лице запознаено со заканата.

Американската администрација, како и безбедносните служби во поголемите градови, се во состојба на зголемена готовност за каква било потенцијална одмазда од страна на Техеран во рамките на САД, според американската телевизија, пренесе Танјуг.

Министерството за внатрешна безбедност во неделата предупреди дека „иранскиот конфликт претставува зголемена закана за Соединетите Американски Држави“.

Иран, според овие извори, би можел да изврши и сајбер напади врз американските мрежи и да ги таргетира американските владини претставници.

Соединетите Американски Држави бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, Фордоу, Нетанц и објектот во Исфахан, во текот на ноќта во саботата, а во нападот учествуваа повеќе од 125 американски воени авиони.

ИЗДВОЕНИ