Иранските власти почнаа да го враќаат пристапот до глобалниот интернет по повеќе од десет дена откако беше воведено ограничување на таа услуга како одговор на масовните демонстрации проследени со немири низ целата држава.
Иранските медиуми пренесоа дека во неделата вечерта услугите за пребарување на „Гугл“ се повторно достапни на корисниците и на фиксен и на мобилен интернет низ Иран, пренесе иранскиот државен телевизиски канал на англиски јазик Прес ТВ.
Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним ден претходно пренесе дека пристапот до глобалниот интернет, кој во моментот беше блокиран од 9-ти јануари по масовните демонстрации проследени со немири и насилство, ќе бидено фазно вратен.












