„Иран останува посветен на дипломатијата“, комуникациските линии со САД се отворени“

182
freepik

Комуникациските линии меѓу Техеран и Вашингтон остануваат отворени, на пример преку специјалниот претставник на САД или традиционалните медијатори како што е Швајцарија, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Коментирајќи го прашањето за контактот на Иран со американскиот претседател Доналд Трамп, тој рече дека биле испратени „контрадикторни пораки“ што предизвикале двосмисленост и дека Иран останува посветен на дипломатијата, пренесе Ројтерс.

Трамп претходно изјави дека иранските власти ги поканиле САД на преговори, додека тој размислувал, како што изјавил, за „многу силна“ воена акција против иранскиот режим поради неговите смртоносни мерки против демонстрантите.

„Иран повика на преговори. Иранските лидери сакаат да преговараат. Мислам дека се уморни од американските напади. Иран сака да преговара со нас“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ