Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) го распореди „Корамшахр 4“, нова балистичка ракета со среден дострел, објави новинската агенција Фарс во четврток, пренесе „Хина“.
Ракетата, која „Фарс“ ја опишува како најнапредна ракета на Иран, наводно има дострел од 2.000 километри и носивост од повеќе од еден тон експлозив, соопшти агенцијата.
Иран, исто така, пушта во употреба нов подземен „ракетен град“ во вселенскиот штаб на IRGC, објави „Фарс“.
Началникот на Генералштабот објави промена во воената стратегија по тој повод. „По 12-дневната војна, преминавме од одбранбена кон офанзивна воена доктрина за да можеме да спроведуваме операции со молња брзи и големи размери“, рече генералот Абдолрахим Мусави.
Според официјалната веб-страница Defapress, тој додаде: „Подготвени сме да се бориме против непријателот… со примена на асиметрично војување и стратегии што ја разбиваат спротивната армија“.
Синоќа, Иранската револуционерна гарда (ИРГК) објави и снимки и фотографии на кои се гледа, како што тврдат, нова подземна база за балистички ракети.
Времето на објавување на видеата е значајно – само еден ден пред почетокот на нуклеарните преговори со САД, кои се закажани за утре во Оман. Откривањето на базата на непозната локација дојде во време на зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон.
Програмата за балистички ракети на Иран се покажа како клучна во нападите врз Израел минатиот јуни и е една од главните точки на спор со Вашингтон, кој бара нивниот дострел да биде ограничен.
⚡️BREAKING
Iran’s Khorramshahr 4 hypersonic missile has been put into combat service – Fars News
The missile reaches a speed of Mach 17 and has a 2-ton warhead
The warhead can maneuver in space pic.twitter.com/ZvNodjbZMd
— Iran Observer (@IranObserver0) February 5, 2026












