Претседателот на Иран, Масуд Пезешкјан, денеска во порака до нацијата објави „крај на 12-дневната војна наметната од Израел“ и рече дека не сака да добие нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачката маса, објави новинската агенција Ирна.
„Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на примирјето и крајот на таа 12-дневна војна што беше наметната од авантуризмот и провокацијата на Израел“, напиша Пезешкјан.
Тој повтори дека неговата земја не се обидува да дојде со нуклеарно оружје, но дека ќе продолжи да го брани своето „легитимно право“ да развива цивилна нуклеарна програма откако ќе стапи во сила примирјето со Израел.
Во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Мохамед Бен Зајед, Пезешкјан рече дека „со оглед на нивните односи со САД, очекува ОАЕ да им објаснат дека Иран сака само да ги оствари своите легитимни права“, додава Ирна.
Иран, повтори Пезешкјан, „никогаш не се обидел да добие нуклеарно оружје и не се обидува“. Иран е подготвен да ги реши сите несогласувања на преговарачка маса“, истакна тој.