Цените на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) продолжија да паѓаат до нивото од 72 долари за барел како реакција на сигналите дека Иран може да се воздржи од блокирање на протокот на нафта во Персискиот Залив по нападот од Соединетите Американски Држави.
„Trading ekonomokis“ известува дека, и покрај ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток, танкери со нафта продолжија да пловат низ Ормускиот теснец, а пазарите ги намалија стравувањата дека нападите може да ги загрозат залихите на нафта, што ќе доведе до остар пад на цените.
Цената на суровата нафта WTI претходно скокна на дури 74,3 долари, достигнувајќи го највисокото ниво од јануари.