Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека земјата ќе го почитува примирјето објавено од американскиот претседател Доналд Трамп, под услов Израел исто така да ги почитува неговите услови.
„Доколку ционистичкиот режим не го прекрши примирјето, ниту Иран нема да го прекрши“, рече Пезешкијан за време на телефонскиот разговор со малезискиот премиер Анвар Ибрахим, според соопштението за медиумите од иранското претседателство, пренесува порталот Ал Арабија.
Трамп денес објави дека примирјето меѓу Израел и Иран сега е на сила и побара од двете земји да не го прекршуваат.