Иран и Израел разменија нови напади во текот на ноќта

32
Фото:принскрин/видео Х

Иран и Израел разменија нови напади преку ноќ, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да води мировни преговори, пренесоа агенциите.

Два постројки за производство на центрифуги беа погодени во Иран, изјави израелски воен претставник. „Ројтерс“ објави дека неименуван функционер изјавил дека постројките се наоѓаат во Исфахан, централниот ирански град во кој се наоѓа еден од најголемите нуклеарни постројки во земјата.

Две лица беа убиени, а четворица беа повредени во напад врз станбена зграда во иранскиот град Ком синоќа, според извештаите на иранските државни медиуми, објавува „Си-ен-ен“.

Нападот го погодил четвртиот кат од зградата и се случил кратко откако Израелските одбранбени сили објавија дека започнале нов бран напади врз Иран.

Градот Ком се наоѓа во близина на тајниот ирански објект за збогатување ураниум Фордоу.

Едно од загинатите лица е 16-годишник, изјави за иранските медиуми портпаролот на администрацијата на покраината Ком, Мортеза Хејдари.

Си-Ен-Ен геолоцираше видео кое покажува штета на зграда во југозападен Ком. Видеото покажува пожар што гори на горните катови од повеќекатна зграда.

Во исто време, полуофицијалниот „Нур њуз“ објави дека противвоздушните системи биле активирани над главниот град Техеран, 130 километри северно од Ком.

ИЗДВОЕНИ