Иранскиот парламент гласаше за забрана на користењето на „Старлинк“, сателитска интернет услуга управувана од „СпејсИкс“ на Елон Маск, објави иранската новинска агенција ISNA, според dpa.
Според новиот закон, прекршителите би можеле да бидат казнети со парични казни, камшикување или затвор до две години. Не е познато колку Starlink всушност се користи во Иран. Сепак, цената на услугата е веројатно над можностите на повеќето ирански домаќинства, пренесува „Хина“.
„Старлинк“ е едно од ретките средства за пристап до интернет за време на државни блокади како оние наметнати за време на неодамнешната војна со Израел. Парламентот, исто така, донесе мерка за заострување на казните за шпионажа.
Според новиот закон, „оперативната соработка“ со странски субјекти е казнива со смрт.
Законот не дефинира точно што се подразбира под тој термин, но набљудувачите го гледаат како уште еден обид за заплашување на дисидентите и критичарите на режимот, објавува dpa.
Двете одлуки сè уште треба да бидат одобрени од Советот на чувари, моќно уставно надзорно тело. Ваквите одобренија генерално се формалност.