Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеј, ја осуди одлуката на Австралија да го протера иранскиот амбасадор и предупреди дека секоја несоодветна дипломатска акција ќе биде „пресретната со реципрочен одговор“.
„Обвинувањата за антисемитизам се апсолутно лажни, таков концепт нема место во нашата религија. Тоа е концепт измислен од Западњаците и тие самите треба да одговорат за своето историско минато“, изјави тој на прес-конференција, објави Тасним.
Багеј рече дека одлуката на Австралија „се чини дека е под влијание на домашните настани“, посочувајќи на неодамнешните масовни протести во земјата поради ситуацијата во Газа.
Скандал во Австралија: Иран обвинет за организирање антисемитски напади, амбасадорот протеран