недела, февруари 1, 2026
Дома СВЕТ Иран ги прогласи европските армии за терористички групи

Иран ги прогласи европските армии за терористички групи

12

Иран официјално ги прогласи армиите на европските земји за терористички групи, како директен одговор на одлуката на Европската унија да ја стави Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) на листата на терористички организации, заедно со Исламска држава и Ал-Каеда

– Со обидот да ја нападнат Револуционерната гарда, Европејците си пукаа во нога и донесоа одлука спротивна на интересите на сопствениот народ, слепо следејќи ги САД“, порача претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, облечен во униформи на ИРГЦ.

Галибаф најави и дека парламентарната комисија за национална безбедност ќе разгледува можност за протерување на воените аташеа на земјите од ЕУ, во координација со иранското Министерство за надворешни работи.

 

ИЗДВОЕНИ