Иран: Ако Америка сака преговори, мора јасно да стави до знаење дека нема да нè нападне

197

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, за Би-Би-Си изјави дека САД мора јасно да стават до знаење дека нема да извршат нови напади врз Иран ако сакаат да ги обноват дипломатските преговори.

Според него, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела преку посредник му соопштила на Техеран дека сака да ги продолжи преговорите, но сè уште не изразила став за она што тој го нарече „многу важно прашање“ – дали ќе ги запре нападите додека траат разговорите.

САД влегоа во конфликтот на 21 јуни, кога бомбардираа три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – откако израелските напади врз иранската воена инфраструктура и научници го поттикнаа Иран да започне ракетна одмазда.

Тахт-Раванчи рече дека Иран нема да се откаже од збогатувањето ураниум, за кое тврди дека се користи за мирни цели. „Можеме да зборуваме за нивото и капацитетот на збогатување, но да кажеме дека не смееме да имаме никакво збогатување, а ако не се согласиме – дека ќе бидеме бомбардирани, тоа е законот на џунглата“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ