
Во вторникот беше одржан состанок помеѓу раководството на Интер и Симоне Инзаги, и на крајот беше донесена одлука тренерот да го напушти клубот по четири сезони.
Италијанските медиуми пред стартот на финалниот натпревар помеѓу калчо гигантот и ПСЖ, кој заврши со историски триумф на францускиот клуб од 5:0, ја пласираа и информацијата дека Инзаги потпишал договор со Ал Хилал. Таквата информација на крајот се покажа како точна, а трофејниот стручњак во Саудиска Арабија ќе има плата од 25 мил. евра.
Истите медиуми сега пишуваат дека раководството на Интер веќе ја стеснила потрагата по нов тренер на две имиња, па дури и контактирало со нив, имено со Сеск Фабрегас и Роберто Де Зерби.
Шпанецот е подготвен да ја слушне понудата на Интер, но за да ја прифати и да го напушти Комо ќе мора да има големи гаранции за реконструкција на тимот, и дека тимот ќе игра онака како што тој сака.
Со оглед на тоа како функционираат Фабрегас и Комо, сите во овој клуб се надеваат дека Шпанецот ќе остане на клупата на овој клуб барем уште една година.
Слично е и со Де Зерби кој моментално е предводник на францускиот гигант Олимпик Марсеј. Тој сака да го обнови тимот по свој вкус, а е тренер кој има повеќе искуство од поранешниот играч од средниот ред на Барселона.
Секако ќе биде многу интересно да се следи кого Интер ќе назначи за свој нов тренер, но нема дилема дека Де Зерби и Фабрегас се многу добар избор.
Де Зерби заврши многу добра работа со Марсеј, а пред тоа и со Брајтон, па сигурно би бил голем предизвикот да направи нешто големо со Интер.
Од друга страна, Фабрегас ја гради својата бајка во Комо, кој навистина игра прекрасен фудбал со не многу познати „лица“ во тимот.
Во секој случај, постои можност челниците на Интер да „извлечат“ трето име во наредниот период, но италијанските медиуми тврдат дека Фабрегас или Де Зерби треба да го наследат Инзаги на клупата на овој тим.