Во првото тримесечје од 2025 година, 92,1 % од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користело Интернет, а 91,2 % од домаќинствата имале пристап до Интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.
Во тоа тримесечје, 79,1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користело Интернет неколкупати во текот на денот, а 60,3 % направиле онлајн нарачка или купопродажба во последните 12 месеци.
При користењето ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93,2 % имале телефонирањето преку Интернет/видеoповиците (веб-камера; апликациите „Скајп“, „Фејстајм“, „Meсинџер“, „Ватсап“, „Вибер“, „Снепчет“).
Најмногу пораки се испраќале преку „Скајп“, „Meсинџер“, „Ватсап“, „Вибер“.