четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Интернет „блекаут-от“ во Иран влезе во 40-тиот ден

Интернет „блекаут-от“ во Иран влезе во 40-тиот ден

33

Според NetBlocks, организација која ја следи достапноста на интернет, граѓаните во Иран сè уште се во голема мера отсечени од мрежата.

„Оваа војна на цензура продолжува, дури и кога и САД и Иран прогласуваат победа, додека иранскиот народ повторно е оставен во темнина“, наведуваат од NetBlocks.

И покрај речиси целосниот прекин, некои граѓани успеваат да се поврзат преку сателитски интернет Starlink и други методи, но по висока цена.

Во Иран, користењето или поседувањето уред Starlink може да резултира со казна до две години затвор, а властите се обидуваат да ги спречат ваквите практики.

Пристапот до интернет преку Starlink се продава и преку апликацијата Telegram, по цена од околу 6 долари за еден гигабајт податоци, што е многу скапо во земја каде што просечната месечна плата се проценува помеѓу 200 и 300 долари.

ИЗДВОЕНИ