Интересот за арктичкиот остров не попушта: САД назначија специјален пратеник за Гренланд, Данска реагира

30

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска објави дека го именувал гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд.

– Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, заштитата и за опстанокот на нашите сојузници, па и на целиот свет – напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“.

На ова вчера реагираше данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, кој рече дека таа одлука на Трамп претставува јасен сигнал дека САД и понатаму покажуваат силен интерес за арктичкиот остров.

– Ова назначување го потврдува континуираниот американски интерес за Гренланд. Сепак, ние инсистираме сите, вклучително и САД, да покажат почит кон територијалниот интегритет на Кралството Данска – порача Расмусен во писмена изјава.

Гренланд е самоуправна автономна територија во рамките на Кралството Данска, а географски е во Северна Америка.

ИЗДВОЕНИ