Изградбата на клучката кај „Момин Поток“, заедно со изградбата на булеварот „Никола Карев“ е во полн ек.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека во моментов напредува изградбата на атмосферската канализација која ќе се наоѓа во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на потегот од река Серава до раскрсницата со булевар „Словенија“.

-Исто така, се работи и на левиот крак од новиот мост на река Серава, преку кого ќе поминуваат коловозните ленти во насока од раскрсницата со булевар „Словенија“ кон клучката „Момин Поток“.За оваа делница конечно се пробива трасата. Во тек е отстранување на објектите кои се наоѓаат на трасата, со што се откочува целиот процес за изградба на новиот булевар – напиша Ѓорѓиевски.












