Интензивно се работи на браната „Отиња“, како и на целосна урбанизација околу неа

21

Изградба на брана на реката Отиња, проекти во патната мрежа, канализациски и водоводни системи, урбанизација на браната „Кежовица“ се дел од проектите што се реализираат во Штип, со поддршка од централната власт. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, вели дека интензивно се работи на браната „Отиња“, како и на целосна  урбанизација околу неа.

– Она што е Мавровското Езеро на западниот дел од Македонија, тоа треба ќе стане браната „Отиња“ во Источна Македонија. Покрај универзитетски и бизнис-центар, Штип да стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е и урбанизацијата околу браната „Кежовица“. Таму има голем туристички потенцијал, така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализирани, дел се реализираат и секогаш доаѓам со задоволство. Заедно со градоначалникот и со пратениците работиме на реализација на проектите – истакна Николоски.

 

ИЗДВОЕНИ