Интензивно се гради новиот локален пат од клучката на обиколницата во Волково кон селото Орман

4760

Интензивно се гради новиот локален пат од клучката на обиколницата во Волково кон селото Орман, во должина од 1 700 метри.

– На површина од 10 200 квадратни метри, се трасира современ коловоз, нова комуникациска врска, која го олеснува движењето и отвора можност за развој. На овој потег е предвидена индустриска зона, која дополнително ќе го забрза економскиот развој на Општината – информираат од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека градењето патна инфраструктура останува приоритет и дека инвестицискиот циклус од над 20.0000.000 денари го менува Ѓорче во вистинска урбана средина во сите делови.

 

ИЗДВОЕНИ