вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Интензивни дождови до почеток на идната недела

Интензивни дождови до почеток на идната недела

44

До понеделник се очекуваат поинтензивни врнежи во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Причина за оваа промена е влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд.

Од УХМР прецизираат дека врнежите повремено ќе бидат пообилни, при што локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.

Стабилизирање на времето и престанок на врнежите се очекува од вторник.

ИЗДВОЕНИ