Интензивна снежна епизода во Сараево – градот под дебела бела покривка/ФОТО

137
Фото N1 video

Силен снежен фронт зафати голем дел од Босна и Херцеговина, а жителите на Сараево се соочуваат со една од најинтензивните снежни епизоди во последните години. Градот се разбуди утрово покриен со дебела снежна покривка што целосно го промени изгледот на улиците и го отежна секојдневното движење на граѓаните. Снегот паѓаше во текот на вчерашниот ден и преку ноќ.

Фото N1 video

Според извештаите, особено во општина Стари Град, снегот достигнал помеѓу 40 и 50 сантиметри. Автомобилите биле затрупани, бројни улици станале непроодни, а граѓаните земале лопати во раните утрински часови за да ги исчистат приодите до куќите и возилата.

Фото N1 video
Фото N1 video

Иако главните сообраќајни правци се претежно проодни благодарение на интервенциите на надлежните служби, споредните улици и населбите останаа речиси парализирани. Властите ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи и трпеливи додека се чистат најкритичните делови од градот.

ИЗДВОЕНИ