четврток, февруари 5, 2026
Дома БАЛКАН Интензивен топлотен бран во Грција со температури над 44 степени Целзиусови

Интензивен топлотен бран во Грција со температури над 44 степени Целзиусови

2698

Грција ќе биде погодена од интензивен топлотен бран што ќе почне од утре, а ќе трае најмалку до петок, а се очекува температурите на воздухот во некои делови од земјата да надминат 44 степени Целзиусови во следните 24 часа, објави денеска Националната метеоролошка служба во Атина.

Високите температури ќе предизвикаат доаѓање на екстремно топли воздушни маси од Африка, кои се движат кон Грција и Балканот, објави „Катимерини“.

Според прогнозата на Грчката метеоролошка служба, температурата на воздухот на Балканот од понеделник до петок ќе биде до десет степени повисока од просечната вредност за периодот од 1991 до 2020 година.

ИЗДВОЕНИ