Инспекциски надзор во 9 основни училишта во Општина Карпош по вчерашното труење

19

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште Димо Хаџи Димов во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна.

Во рамки на вонредните контроли во овие училишта каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање.

АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини, земени во рамки на вчерашната воонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат, и Ценатрот и Институтот за јавно здравје.

ИЗДВОЕНИ