Еден ден откако во весникот ВЕЧЕР беше објавен текст со наслов „Струшко сценарио во Гостивар – ќе падне ли уште едно културно наследство?“, во кој пренесовме реакција на граѓани дека изградба на нов објект може да загрози заштитени објекти од споменичната целина кои се под државна заштита, на терен

излегоа и надлежните од Управата за заштита на културно наследство. Вчера, во телефонски разговор, изјавија дека објектот се „гради во контактна зона“ и, според нивното тврдење, има конзерваторско мислење. Тие ветија дека по увидот на самото место, ќе нè известат дали има неправилности во изградбата или не.

Како што веќе информиравме, новоградбата се гради зад објектите лоцирани во рамките на споменичната целина Градски центар Гостивар, прогласен за значајно

културно наследство. Жителите од околните згради кои реагираат на опасното градилиште испратиле и претставки до надлежните

ИЗДВОЕНИ