Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам од денеска во текот на наредните денови ќе организира информативни сесии во просториите на „Europe House“ во следниве градови: Струга – 18.11.2025 (12:00 – 14:00), Крива Паланка – 19.11.2025 (12:00 – 14:00), Скопје – 24.11.2025 (12:00 – 14:00), Велес – 25.11.2025 (12:00 – 14:00), Струмица – 26.11.2025 (12:00 – 14:00), Битола – 2.12.2025 (13:00 – 15:00), и Тетово – 3.12.2025 (12:00 – 14:00).

Во текот на сесиите, Канцеларијата за Креативна Европа ќе ги информира присутните за актуелните и за претстојните повици на програмата „Креативна Европа“ („Култура“ и „МЕДИА“), а ќе обезбеди и практични насоки за процесот на аплицирање. По завршувањето на настанот, заинтересираните учесници ќе имаат можност за индивидуални консултации.

Настаните се од отворен карактер и се наменети за организации, уметници и професионалци од културниот, креативниот и од филмскиот сектор, со цел да се поттикне нивна активна вклученост во европските проекти и да се унапреди нивниот професионален и институционален развој.

Во прилог ви ја доставуваме Програмата за информативните сесии. Јавноста ќе биде навремено известена за последователните сесии преку фејсбук-профилот на Министерството за култура и туризам.

Повеќе информации за активностите на Канцеларијата и за програмата „Креативна Европа“ може да се најдат  на веб-страницата ced.mk и на фејсбук-профилот: 

https://www.facebook.com/profile.php?id=61583678344518

ИЗДВОЕНИ