Вчера во општинската зграда на Кавадарци, директорот на Агенцијата за пошти, професор доктор Сретен Миладиноски се обрати пред во рамки на посетата на информативниот караван во овој град. Тој истакна дека граѓаните се уште не ги знаат своите права и обврски и затоа е падната одлуката за информативен караван за да бидат поблиску до корисниците на поштенски услуги.
– Се работи за активност организирана заедно во координација со канцеларијата на народниот правобранител. Целта е, корисниците на поштенски услуги да ги разберат своите права. На давателите на поштенски услуги пак, да им се објасни како подобро да функционираат- рече Миладиноски.
На средбата беше кажано дека Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на народниот правобранител ќе продолжи да го спроведува својот информативен караван, стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги.
Реализацијата на пролетниот караван опфати две едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот во Прилеп и Кавадарци.
– На овие средби, се презентираат и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент се става на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги. На посетителите им се дава можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите, како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата – беше нагалсено на средбата.