Информации за повеќегодишни растенија, тревници…

44

Општина Крива Паланка го изработува зелениот катастар, кој е важен документ што ќе ги содржи сите информации за повеќегодишни растенија, тревници и други зелени површини во градот.

-Нашите служби активно работат на терен. Со овој катастар, општината ќе може подобро да се грижи за зеленилото, да планира нови паркови и да го зачува постојното зеленило – за здравје и подобар живот на граѓаните – информираат од локалната самоуправа.

Зелениот катастар се изработува во рамки на проектот „Паркс“, поддржан од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

 

ИЗДВОЕНИ