понеделник, јануари 26, 2026
Дома СКОПСКА Инфо – дисплеите на автобуските постојки ажурирани во согласност со најновата софтверска...

Инфо – дисплеите на автобуските постојки ажурирани во согласност со најновата софтверска верзија

71

Јавното сообраќајно претпријатие  „Скопје“ (ЈСП) информира дека инфо-дисплеите поставени на автобуските постојки, наменети за прикажување на точни информации за реалното време на пристигнување на автобусите, се ажурирани согласно најновата софтверска верзија со која располагаме.

-Информираноста на граѓаните и точноста на информациите се од суштинско значење за транспарентното работење на едно претпријатие. Со обезбедување пристап до проверени и навремени информации, ја зајакнуваме довербата на граѓаните во нашите услуги – нагласуваат од ЈСП.

 

ИЗДВОЕНИ