среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Инфлуенсерката Марија Хулиса ја критикуваат дека е љубовницата заслужна за смртта на...

Инфлуенсерката Марија Хулиса ја критикуваат дека е љубовницата заслужна за смртта на Ел Менчо. Таа негира

130

Мексиканската инфлуенсерка Марија Хулиса (25) е критикувана поради смртта на нарко-босoт Немесија Осегера Сервантес, позната како Ел Менчо, кој го предводеше картелот „Нова генерација Халиско“ (CJNG) и почина по сериозните повреди здобиени во судирите меѓу неговите поддржувачи и војската во неделата.

По неговата смрт, беше објавено дека властите го пронашле откако преку неговата љубовница добиле дојава за неговата локација. Потоа се појавија тврдења дека станува збор за 25-годишна инфлуенсерка, но таа го негира тоа.

На мостот во градот Запопан е закачен транспарент на кој Хулиса ја нарекуваат проститутка.  Банерот, исто така, ја обвинува жената дека „ја гризела раката што ја хранела“, алудирајќи на гласини за врска со водачот на картелот, според „Дејли меил“.

Хулиса, која има 3,5 милиони следбеници на социјалните мрежи, негираше каква било поврзаност со Ел Менчо и рече дека „нема никаква врска со оваа ситуација“.

Таа истакна дека информациите што циркулираат за неа се лажни и неосновани.

-Благодарна сум на оние што одвоија време директно да ме прашаат и на оние што ми понудија поддршка, рече  Хулиса и изјави дека гласините можат да предизвикаат голема штета.

Мексиканската инфлуенсерка, исто така, ги повика своите следбеници да не наседнуваат на лажни вести.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на Хулиса и Ел Менчо во прегратка, а на една од нив таа носи заштитен елек на кој ја пишува кратенката од името на картелот  – CJNG. Но, има претпоставки дека тие форотографии се генерирани со помош на вештачка интелигенција.

ИЗДВОЕНИ