недела, февруари 22, 2026
Дома МАГАЗИН Инфлуенсер фрли 10.000 евра од балкон во Виена: Од промотивна акција до...

Инфлуенсер фрли 10.000 евра од балкон во Виена: Од промотивна акција до хаос и туркање на насобраната толпа/видео

34
Фото:фрипик, ВИ-генерирана

Во долниот дел од виенската улица Маријахилферштрасе, инфлуенсерот Максимилијан Вајсенбек, познат како МаксаМилион, фрли 10.000 евра во готово од балконот, што предизвика хаос и туркање на насобраната толпа, пренесе Кликс.ба.

И покрај обилните снежни врнежи и ниските температури, стотици млади луѓе се собраа во Виена кога се прошири веста дека популарниот инфлуенсер планира необичен настап.

Од балконот на зграда на прометна улица, Вајсенбек фрли 10.000 евра во банкноти, кои се расфрлаа во зимската вечер.

Младите луѓе, желни да фатат што е можно повеќе пари, почнаа да се туркаат едни со други и да бркаат по летачките банкноти, додека некои се лизгаа по земјата покриена со снег.

Акцијата беше замислена како промоција за неговиот бренд Gamechanger Socks, но се претвори во турбулентен настан што остави многу минувачи запрепастени, објавува Klix.ba.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MaxaMillion (@maxobeyme)

ИЗДВОЕНИ