вторник, март 3, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Инфлацијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

Инфлацијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

43

Трошоците за живот во март забележале зголемување од 2,7 проценти на годишно ниво, а цените на мало –зголемување за 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во однос на февруари, трошоците за живот се намалени за 1,3 проценти, а цените на мало – за 0,9 проценти.

Намалувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците за живот во делот на: храната и на безалкохолните пијалаци за 3 проценти; транспортот за 1,8 проценти; мебелот, покуќнината и одржувањето на домаќинствата за 0,6 проценти; алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците за 0,5 проценти и разновидните стоки и услуги за 0,3 проценти.

Зголемување на трошоците за живот во однос на февруари има во групите: домување, вода, електрика, гас и други горива и облека и обувки за 0,4 проценти; ресторани и хотели за 0,3 проценти; комуникации и здравје за 0,2 проценти и рекреација и култура за 0,1 процент. Во групата образование, трошоците за живот остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

 

ИЗДВОЕНИ