Инфлацијата се инаети, расте иако нема реална основа за тоа

Инфлацијата расте, иако нема реална основа за тоа. Цените на суровините и на струјата се намалуваат, а платите стагнираат. За бизнисот, инфлацијата не зависи од домашното производство, нивниот став е дека инфлацијата кај нас е увезена бидејќи најголем дел од производите што се продаваат во маркетите се увозни. – Причината за поскапувањето е што понудата на пазарот е помала од побарувачката поради војната во Украина. Државата може да преземе некои мерки и да ја смири инфлацијата, но тие мерки не можат да бидат долгорочни затоа што ќе го уништат бизнисот. За да се намалат цените на производите, треба да се зголеми понудата. Владата може преку активирање на стоковите резерви да ја зголеми понудата на пазарот за тие артикли кои се базични, што ќе влијае на намалување на нивната цена, изјави за весникот ВЕЧЕР, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Нухи Алиу

59

И покрај тоа што цените на суровините и на струјата се намалуваат, платите стагнираат, а инфлацијата расте. Според статистиката, инфлацијата мерена преку трошоците за животот во септември годинава изнесува 4,1 отсто во однос на истиот месец претходната година.  Додека, пак, синдикатите пресметаа дека месецов бил поскап за 467 денари во споредба со претходниот. Најголемо зголемување на цените повторно има во делот на храната и на пијалаците за 378 денари и само за оваа ставка семејствата трошат по 23.772 денари месечно. Поскапување има и кај облеката и обувките, станарината, а поевтинување бележи транспортот. И Светската банка информираше дека инфлацијата во земјата забрзала по март 2025 година, достигнувајќи 4,8 проценти до јули 2025 година.

За бизнисот, инфлацијата не зависи од домашното производство кое е многу намалено, нивниот став е дека инфлацијата кај нас е увезена бидејќи најголем дел од производите кои се продаваат во маркетите се увозни.

Причината за поскапувањето е што понудата на пазарот е помала од побарувачката поради војната во Украина. Државата може да преземе некои мерки да ја смири инфлацијата, но тие мерки не можат да бидат долгорочни затоа што ќе го уништат бизнисот. За да се намалат цените на производите, треба да се зголеми понудата. Владата може преку активирање на стоковите резерви да ја зголеми понудата на пазарот за тие артикли кои се базични, што ќе влијае на намалување на нивната цена. Ние сме пазарна економија и кај нас цените и на производите и на работната сила ги формира пазарот преку понудата и побарувачката, изјави за весникот ВЕЧЕР, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Нухи Алиу.

Според него, и платите треба да се зголемат според пазарни принципи. Не може да им се зголеми платата на работниците, а потоа да се оти во банкрот. Значи, пазарот е главен двигател на цените и на платите.

Кај нас производите се претежно увозни и увезуваме со големи цени. Точно, цената на струјата на берзите се намали, но цените на суровините се променливи и нив ги диктира пазарот. Значи, замрзнување на цени на долг рок не е добро за бизнисот бидејќи голем број компании ќе го префрлат производството во соседството. Ние мора да сфатиме дека не можеме да бидеме конкурентни како Австрија, Холандија… Исто така, треба да ни биде јасно дека инфлацијата ќе расте и тоа не зависи само од нас. Еве, на пример, Турција и покрај тоа што има големо производство има висока инфлација, појаснува Нухи.

Тој додава дека за да се намалат цените треба да се зголеми понудата на производи, а државата треба да реагира преку стоковите резерви.

Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарска индустрија, вели дека цените на суровините на берзите се стабилни и очекува така да остане до крајот на годината, но цените на струјата почнаа да се качуваат.

Цената на пченицата од годинашната жетва досега е стабилна. И фјучерсите на пченицата и на житата на светските берзи се стабилни. Во однос на цената на струјата, точно, таа се намали во текот на летниот период, но сега како што се приближува зимата, цените на берзите од каде што се снабдуваат компаниите почнаа да растат. Ќе видиме понатаму како ќе се одвива состојбата и со суровините и со струјата се зависи од случувањата со војната. Во Украина и во Русија се уништија многу капацитети на нафта, гас… што може негативно да влијае на цените на суровините, изјави Малишиќ за весникот ВЕЧЕР.

И претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, информираше дека цената на лебот нема да се зголеми, цената на пченицата е стабилна, а не очекува дека ќе има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло.

Бизнисот не е за замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените и доследно применување на Законот за нефер трговски практики.

(А. С.)

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ