Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември изнесува 4%, а индексот на цените на мало бележи раст од 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци за еден месец (октомври -ноември) инфлацијата се зголемила за 0,5%, а на тоа најмногу влијаел растот на трошоците на живот во транспортот од 1,7% потоа рекреација и култура (0,9%), храна и безалкохолни пијалаци од 0,7%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата (0,5%), ресторани и хотели, здравје за (0,3%), алкохолни пијалаци, тутун и наркотици од 0,2%, комуникации, Облека и обувки и домување, вода, електрика, гас и други горива од 0,1%.
Цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година пораснале за 0,6%.












