Инфлацијата наредната година ќе биде меѓу два и три проценти

17

Проекциите за наредната година се дека инфлацијата ќе се движи меѓу два и три проценти. На тоа ниво се очекувањата на Владата и за нивото на базичната инфлација, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште четири поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за договорено покачување на цените на производите.

Да оставиме Антимонополската комисија да си ја заврши својата работа. Мислам дека наскоро ќе има и разврска – рече премиерот Мицкоски.

 

ИЗДВОЕНИ