понеделник, февруари 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Индустриското производство во септември пораснало за 2,7 отсто

Индустриското производство во септември пораснало за 2,7 отсто

58

Индустриската продукција во септември годинава забележала зголемување од 2,7 проценти во споредба со септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025 во однос на тој период од 2024, соопшти Државниот завод за статистика.

Во делот на преработувачката индустрија, во септември 2025 година во споредба со септември 2024 година е евидентиран пораст од 3,1 процент на индустриското производство, а намалување од 2,5 проценти во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 1,7 проценти во рударството и вадењето камен.

Најголемо влијание врз растот на индустриското производство во септември 2025 година во однос на септември 2024 година имаат секторите: производство на прехранбени производи со 8,3 проценти, производство на електрична опрема со 8,2 проценти и производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7,7 проценти.

Порастот во секторот преработувачка индустрија е резултат на зголемената продукција и во областите: производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година во однос на септември 2024 година бележи зголемување кај енергијата за 1,6 проценти, интермедијарните производи, освен енергијата за 6 проценти и капиталните производи за 3 проценти, додека бележи намалување кај трајните производи за широка потрошувачка за 5,6 проценти и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ