Индустриското производство поголемо од лани за 2,2 отсто

7

Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 отсто во однос на периодот јануари – август 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во август годинава, пак, споредено со тој месец лани, е намалено за 3,5 отсто. Во секторот рударство и вадење камен, во август 2025 година, во однос на август 2024 година, забележало пораст од 7 отсто, во секторот преработувачка индустрија има опаѓање од 1,4 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – намалување од 26,8 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, забележало опаѓање кај енергијата за 23,7 отсто, кај капиталните производи за 12,0 отсто, кај трајните производи за широка потрошувачка за 9,1 отсто и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто, додека пораст забележало кај интермедијарните производи, освен енергијата, за 14,8 отсто.

ИЗДВОЕНИ