Од 1 до 4 март 2026 година, во хотелот „Гранд“ на Копаоник ќе се одржи 33. издание на „Копаоник бизнис-форум“, најзначајниот економски настан во регионот. Форумот традиционално ќе обедини претставници на деловната заедница, академскиот сектор, институциите и меѓународните организации.
Централна тема годинава е индустриската политика како основа за долгорочен пораст, со акцент на конкурентноста, инвестициите, пазарот на труд, дигиталната трансформација и одржливиот развој. Во четиридневната програма се предвидени пленарни сесии, панел-дискусии и разговори со домашни и странски експерти.
Претседателот на Сојуз на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, истакна дека целта е преку аргументиран дијалог да се идентификуваат одржливи насоки за развој во услови на глобални промени и да се формулираат конкретни препораки за подобрување на деловната клима.
Учество ќе земат и претставници на Светска банка, Меѓународен монетарен фонд и Европска банка за обнова и развој. Меѓународната димензија ќе ја засилат и експерти како Омар Ликандро, Гијом Лехалие, Дејвид Рајбштајн и Пол Сангит Чаудари, кои ќе говорат за конкурентноста, управувањето со ризици, репутацијата и влијанието на технологијата и вештачката интелигенција врз економијата.
Со своето 33. издание, „Копаоник бизнис-форумот“ ја продолжува традицијата на отворање клучни прашања за економскиот развој на Србија и на регионот.












