Кошаркарот на Индијана, Тајрис Халибартон, ќе ја пропушти претстојната НБА- сезона бидејќи закрепнува по операцијата на десната Ахилова тетива, изјави генералниот менаџер на тимот, Кевин Причард.

  • Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата помина добро. Сепак, тој нема да игра следната сезона. Не сакаме да ризикуваме. Другите играчи ќе имаат можност да напредуваат – посочи Причард на прес-конференција.

Халибартон го предводеше Пејсерс до финалето на НБА, а се повреди на 22 јуни, кога ја скина десната Ахилова тетива во првата четвртина од решавачкиот седми натпревар од финалето против Оклахома. Тој претходно се мачеше со повреда на мускулот што ја заработи на петтиот натпревар, но инсистираше на продолжување на серијата, дури и со ризик да ја влоши повредата.

Имаше просек од 17,7 поени и девет асистенции со 46 проценти процент на шутирање од поле пред седмиот натпревар против Оклахома, во плејофот.

ИЗДВОЕНИ