Индија трага по сопствениците на клубот по пожарот во кој загинаа 25 лица: Причина за несреќата е огномет?

62

Сопствениците на ноќниот клуб во Гоа, каде што во неделата избувна пожар во ноќниот клуб „Бирч“, при што загинаа 25 лица, избегаа од Индија само неколку часа по несреќата, соопшти полицијата.

Двајца браќа, Саураб и Гаурав Лутра, се качиле на лет за Пукет и избегале во Тајланд, објавува Би-Би-Си.

Истражителите веруваат дека пожарот е предизвикан од огномет запален во објектот.

Повеќето од загинатите биле вработени во клубот, додека четворица биле туристи од Њу Делхи.

Петмина од повредените остануваат во болница.

Полицијата побарала помош од Интерпол за пронаоѓање и апсење на браќата Лутра.

Кога извршиле претрес во нивниот дом во Њу Делхи, откриле дека ја напуштиле земјата, што, според нив, покажува дека намерата им е да избегнат истрага.

Саураб Лутра, идентификуван како претседател на компанијата што го управува клубот, издаде соопштение во кое изразува „длабока тага“ и сочувство до семејствата на починатите, но не го откри своето место на живеење.

Неговиот брат Гаурав не дал никакви јавни изјави.

Најмалку четири лица беа уапсени веднаш по пожарот, вклучувајќи го и менаџерот на местото.

Ноќниот клуб беше преполн со гости кои дојдоа да слушаат боливудски диџеј кога пожарот избувна во раните утрински часови.

Главниот дел од клубот се наоѓа на остров во средината на езеро, до кој се пристапува преку тесна патека, што им го отежнува гаснењето на пожарот на пожарникарите.

Првично се веруваше дека причина за пожарот е експлозија на боца со гас, но полицијата сега верува дека несреќата е предизвикана од пиротехнички средства што запалиле дрвени греди на таванот.

Меѓу загинатите има мигранти од Непал, двајца браќа кои биле верени и четири члена на исто семејство од Делхи.

Сите тела се вратени на нивните семејства.

Индискиот премиер Нарендра Моди објави на платформата X дека неговиот кабинет ќе понуди отштета до 1.889 евра за секое семејство на жртвите.

ИЗДВОЕНИ